ситуира
ситуираат; ситуирал; ситуирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 23156
1.
Постави, поставува, намести, наместува, определи, определува место некому или на нешто.
Англиски:
situate
Поетот многу впечатливо ги ситуира на временската оска десетте уникатни археолошки наоди.
2.
Обезбеди, обезбедува со материјални средства.
Англиски:
provide
Во последен момент се осмелија да ја кажат вистината за состојбата во индустријата која социјално ситуира над 40.000 семејства.